Со централниот настан, дебата за улогата на медиумите, отворена „Текстилијада 5“

Со централниот настан „Новинарите и известувањето за работничките права“ отворена петтата по ред јубилејна текстилијада. Настанот пригодно го отвори Бисера Кафтанова, поранешна текстилна работничка, а визуелно беше поткрепен со уметнички дела. Истовремено, беше претставен и документарниот филм за условите во текстилните компании, а кој засегнал поширока светска јавност.

На дебатата присуствуваа новинари од повеќе медиуми, кои при своите излагања зборуваа за улогата на новинарските известувња во полза на борбата за работничките права, како што впрочем стои и во темата.

За денес со програмата беа предвидени и уште една дебата на тема „Улогата на брендовите и работничките организации во ковид криза“, како и промоција на книга. Петтата текстилијада е во својот втор ден од одржувањето, а последните настани ќе бидат реализирани утре.

Ребека Спасова МНет