
Вистина, правда и доверба, побараа родителите на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека Пулс на 39 тиот марш за ангелите во Кочани .
Со солзи, потиштеност и длабока рана во душата, родителите велат дека и покрај нивното обраќање до институциите со доверба и почит, досега не добиле одговор на клучните прашања. Посебно посочуваат дека во обдукциските наоди нема податоци за евентуално присуство на цијанид, иако тоа било директно побарано да се испита.
,,Ние барам ништо повеќе од вистина. Се обративме институционално со доверба и почит, но што добивме? Нитшо! Пред повеќе од два месеци пративме допис до хемиски факултет и судска медицина, јасно прашавме дали се направени хемиски анализи за рисуство на цијанид. Прашање што не е техничко, туку всуштински. Прашање за тоа како и зошто умреа нашите деца. Во обдукцискте наоди тоа го нема и затоа прашавме ако не е испитано, зошто?
Од хемиски факултет добивме одговор, дека тие испитале само материјал што горело, не и и премероци од нашите деца. Се упативме и до судскам едицина, а таму тишина. Во исто време постојат сериозни наводи дека при пожарот се ослободувал цијанид и ако тоа е точно прашањето не е дали некој згрешил, туку кој ќе одговара.“, велат родителите на загинатите
Родителите нагласуваат дека не сакаат празни ветувања, туку правда, транспарентност и систем кој ќе ги штити граѓаните. Велат дека маршот не е насочен против институциите, туку е потсетник дека тие постојат за граѓаните.
,,Не сме тука за да слушнеме уште ветувања, тука сме да прашаме каде беше интегритетотот, коган е се преверувале условите, кога не се превземале мерки. Ние не носиме пресуди, но не приваќаме и тишина. Не обвинуваме без суд, но не молчиме пред она што е напишано. Не бараме правда на улица, но не нема да дозволиме вистината да изгуби во процедури и одложувања. Бараме транспартенен процес, бармае систем кој што ќе штити. Маршот не е против институциите, туку дека тие постојат за лугето. Ова нема да се заборави и затвори без одговри. 63 животи не смеат да завршат како системски пропуст.“, додаваат родителите на загинатите
Инаку, родителите на загинатитие најавија дека маршот за нивните, како што велат, „невини ангели“ ќе продолжи се додека не се донесе правда.
Иван Митев, М-Нет