Со солзи во очите граѓаните копнеат за децата во туѓина, цените во маркетите го отежнуваат животот

Со солзи во очите, граѓаните на штип копнеат за своите деца. Финансиите им се слаби а храна се купува од поевтините маркети за да се врзи крај со крај. Едногласни дека цените до месец август се зголемени во однос на претходните месеци. Доколку има поевтинување на производите од оваа есен, тоа ќе придонесе нормализирање на граѓаните, но и можност да се тргне нешто на страна, имајќи во предвид дека парите се потребни и за тешки денови.

„Храната е скапа, а во различни маркети имате различни цени. Ние ги знаеме тие и каде е поефтино, таму одиме, а од Косовска доаѓам до овде да пазарувам. Има покачување на некој производи, aко се намалат цените ќе биде добро, ако не е добро народот ќе страда. Ако немате пари, нема ни да зедете и ќе се вратиме на старото време леб и сол и тоа е.“, велат граѓаните

“Па знам дека се покачени, не само од тоа, се е покачено, али немаме што да правиме и да се избориме, но и да не нема фајде. Тоа е се добро ако се намалат, ама тоа е што да правиме.“, додаваат граѓаните

Покрај граѓаните, странците кои мигрираат од земјава во странство, велат дека таму е по добро за живот, иако има цени како овде и високи месечни кирии, сепак велат дека двајца партнери можат да си дозволат добар живот.

“Од пандемијата ако се тргне на наваму со цените имаше полачување , па враќање на истите и во однос на платите што ги зимаат во Германија подобро се живее. Тука не можеш да тргнеш на страна некаква си сума. Класа за која ми е од секогаш жал ми се пензионерите“, истакнаа граѓаните

Според државниот завод за статистика инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, изнесува 0.5 %.

Зголемувањето на инфлацијата во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 1.2 %, рекреација и култура за 1.1 %, здравје за 0.8 %, ресторани и хотели за 0.7 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.6 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, комуникации за 0.5 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

Лаура Стојанова, М-Нет