Со саксии и камења нападната 82 годишна жена во Штип оти побарала од соседите да ја намалат музиката

Со саксии, камења, искршена влезна врата и повреди по телото, мајката на штипјанецот Јордан Шаклев од Штип нападната од своите соседи. Пред камерите на М-Нет телевизија вели дека била нападната бидејќи побарала да се намали музиката, која била пуштена гласно.

„Со саксии, еве овде по грбот ме погодија, внатре влезеа, петтина беа, пијани. Скршија го прозорот, вратата е скршена не се затвора.“ – вели Шаклева.

За настанот сведочи и синот Шаклев. Вели дека соседите влегле во нивниот двор, на нивниот приватен приватен имот без дозвола. Дополнително фрлале со камења, ја искршиле влезната врата и ја нападнале неговата мајка. Повикале полиција и сега вели очекува да виде какви мерки ќе се преземат.

„Влегоа во нашиот двор без довола, беа предупредени дека не смеат да влезат на туѓ имот. Тука го скршија возилото, фрлаа со камења на влезната врата.“ – вели Шаклев.

За случајот од СВР Штип посочуваат дека се преземени сите мерки и активности за расчистување на истиот.

Лаура Стојанова М-Нет