Со положување свежо цвеќе во Штип се одбележаа 37 години од смртта на Генерал Михајло Апостолски

Михајло Апостолски е роден на осми ноември 1906 година во Ново Село во Штип. Основно и средно образование завршува во родниот град а високото образование го продолжил на Воената академија во Белград во 1924 година. Неговите воени вештини доаѓаат до израз за време на изведувањето на Февруарскиот поход а пресвртница се случува за време на подготовките за одржување на заседанието на АСНОМ каде што бил избран за член.

“Воената стратегија и воените вештини на генерал Апостолски доаѓаат до израз при планирањето и изведувањето на Февруарскиот поход во 1944 година. Успешното изведување на походот претставува пресвртница на воено стратешкиот план и ослободување на територии и да се започне со подготовките за првото одржување заседание на АСНОМ, за таа цел е формиран иницијативен одбор чиј член бил и Генерал Апостолски. На заседанието Апостолски бил избран за член на АСНОМ.“ вели Мицевски

Тој во 1958 година ја вршел должноста началник на високата воена академија и началник на пешадијата на ЈНА и истата година се пензионира.

“Во февруари 1945 година Михајло Апостолски е поставен е поставен на должноста помошник началник на Врховниот штаб односно генерал штабот на Југословенската армија од 1946 до 1952 година Михајло Апостолски е командант на сарајската воена област. во 1958 година ја вршел должноста началник на високата воена академија и началник на пешадијата на ЈНА. пензиониран е 1958 година“ посочи Мицевски

Во периодот на неговата плодна научно- истражувачка дејност се здобил со многубројни награди меѓу кои: “13 Ноември“ за град Скопје а во 1978 ја добил и најзначајната награда „АВНОЈ“ која што во тоа време вила највисока во СФРЈ.


„Во својата научно истражувачка дејност бил наградуван и вреднуван, ја добил наградата „13 Ноември“,за град Скопје, во 1978 година ја добил наградата АВНОЈ највисока во СФРЈ. Михајло Апостолски е носител на партизанска споменица од 1941 година, добил народен орден на Југославија, орден на народното ослободување, орден на военото знаме“ изјави Мицевски

Неговиот лик и дело се олицетворение на идните генерации, неговиот аманет останува на младите за чување на татковината, сеќавајки се на него воедно се сеќаваме на човекот кој остави се на својот народ.

Лаура Стојанова, М-Нет