
Со поставување на павер елементи ќе се поврзат улиците „Крушевска Република“ и „Јајце“ во населба Баби во Штип. Станува збор за проект од програмата за уредување градежно земјиште на општината за што се издвоени половина милиони денари. Градоначалникот, Иван Јорданов, од лице место посочи дека овој потег е доста користен, а никогаш не бил соодветно уреден. По барање на жителите од овој дел на градот се преземени активности за уредување на овој потег.
„Овде се започнати активности за поврзување на улицата „Крушевска Република“ со улица „Јајце“, еден потег кој во минатото е доста користен од граѓани, пешаци, но никогаш до сега не бил уреден. Со програмата за уредување на градежно земјиште испланиравме повеќе од половина милион денари се издвоени од Буџетот на општината за да се уреди овој потег. Ќе се уреди со павер елементи и ќе користи за пешаците.“ – вели Јорданов.
Активностите на терен продолжуваат и во наредниот период. Јорданов посочи дека во населбата Баби ќе се работи на уредување на тротоарските површини и подобрување на условите за живот на граѓаните во овој дел од градот.
„Наелба Баби освен оваа улица која ќе биде поплочена како пешачка зона, во наредниот период овде е планирано да се уредуваат тротоарски површини затоа што е во непосредна близина на ООУ Славејко Арсов. Со активности продолжуваме и понатаму во оваа населба.“ – додава Јорданов.
Освен во населбата Баби, на терен оваа есен ќе се работи во сите населени места во Штип, додаде Јорданов.
Лаура Стојанова М-Нет