Со осветено масло од Витлеем црквата Света Лидија македонска во Свети Николе ги кани верниците на литургија

Со осветено масло од Витлеем градот каде што е роден господ Исус Христос и божествена боголсужба, црквата Света Лидија македонска во Свети Николе викендов ги кани сите верници на литургија и помазување од маслото. Свештеникот Столе Тасев за М-нет телевизија истака дека со ваквата реализација, верниците ќе се приближат кон бога и топло ги покани сите оние кои што милуваат да повелат на овој настан.

“Викендов сеноќно бдение, почнувајќи со вечерна богослужба, повечерие, утришна богослужба, а на крајот завршува со света Божествена литургија. Ќе бидат донесени и мошти на Св. Никола, пред почетокот на богослужбата, така нека повелат сите православни христијани кои милуваат да присуствуваат на овој нескојдневен настан.

Инаку маслото кое што ќе биде донесено е од црквата во градот Витлеем кој е палестински град на Западниот Брег, во близината на Ерусалим. Градот е најмногу познат како родното место на Исус Христос . Поради тоа, во негова чест во градот е изграден храм посветен на „Раѓањето на Христос“.

Лаура Стојанова, М-Нет