Со лепче и локум граѓаните од пладне раздаваат за душата на починатите, масовно ќе се посетат градските гробишта во Штип

Со лепче и локум, граѓаните од пладне раздаваат за душата на починатите. Во пресрет на Задушница, денес попладне и утре наутро ќе се посетат градските гробишта во Штип. Важно е на гробишта да се понесе само пченица, вино и свеќа, а подготвената храна да се раздаде на сиромашните. Ова го потенцираат и свештениците од брегалничката епархија, со цел празникот се одбележи достојно. Граѓаните на терен велат, без разлика на финансиската состојба и оваа година празникот ќе се испочтиува.

Но овој празник од друга страна е длабоко повразан со сеќавањата на верниците. Топло се уште ги чувствуваат во своето срце, иако со години не се присутни овде на земјата.

Инаку, празникот, секогаш се одбележува две недели пред Прочка, а една недела пред сиропусна недела. Мегу народот е позната и како проштена задушница, која менува датму, а никогаш ден и секогаш се пага во ден сабота. Датумот зависи од празникот Велигден.

Иван Митев, М-Нет