Со експерименти во штипскиот Безистен основците од „Гоце Делчев“ го одбележаа месецот на науката

Со експерименти основците од штипското училиште „Гоце Делчев“ Штип организираа манифестација за одбележување на месецот на науката – месец ноември. За првпат во Штип, во Безистенот децата и нивните наставници прикажаа експерименти со кои се приближија до природните науки,.

„По повод месецот на науката ноември – нашето основно училиште „Гоце Делчев“ организираше манифестација со цел да се збогати љубовта на учениците кон природните науки. Оваа година оваа манифестација се одбележува за прв пат во нашиот град. Се надеваме дека ќе продолжи и во иднина.“ – вели Поповски.

Географија, физика, матетматика и хемија се предмети кои треба да се приближат до учениците и ова е главната причина за органзиирање на денешниот настан.

“Со овој настан сакавме да ги приближиме природните науки, географија, физика, хемија и математика поблиску до учениците. “ – додава Ристова.

Децата задоволни, велат дека се дел од манифестацијата за да се доближат до природните науки, преку изведба на разни експеримети претходно подготвени.

Знаењето поместува планина, но започнува со помествање мали камчиња, Наука за стекнување богатство – ова беа дел од пораките по кои се водеа учениците и беа дел од денешниот настан во штипскиот Безистен.

Лаура Стојанова М-Нет