Со десетина кофи вода кои завршија во Отиња, побрзо ќе се полни најавената долгоочекувана брана

Изгледа долгоочекуваната брана на река Отиња прествува винстински предизвик за сите и за штипјани, и за оние кои не се од Штип, за политичари, позиција, опозиција. Додека Заев како мало дете се радува на нејзината изградба, од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, денеска со десетина кофи вода се допридонесе за побрзо полнење на оваа брана.

„Со денешното наше присуство тука, би сакале да му помогнеме со ПР, на Министерот за транспорт и врски, во промоција на брана на река Отиња. Истиот го преспасвојот незавршен мандат и преку предизборна манипулација на јавноста, со наводна изградба на брана на река Отиња, сака да ги сокрие својата неспособност и неработење. Ние во овој проект, во оваа лажна мисија за изградба на брана, ќе помогнеме со десетина кофи вода, а воедно апелираме и останатите граѓани да го направат истото“ – посочија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Од СДСМ одговорија дека ВМРО ДПМНЕ немаа право да зборува за проектот на Брана на река Отиња, бидејќи за време на нивно владеење овој проект за нив беше невозможен и само заборавено предизборно ветување.

„Нивниот единствен придонес во оовј проект се денешните кофи со вода. Колку и тие да не сакаат брана на река Отиња започнува да се гради со што СДСМ го реализира своето најзначајно предизборно ветување. Се поочигледен е факотот дека ДПМНЕ ќе доживеат уште еден пораз на локалните избори во Штип за што зборуваат ваквите прес конференции со кои се обидуваат да го сокријат својот очај и немањето идеи и програми. Изградбата на брана на река Отиња е 30 годишниот сон на штипјани кој благодарение на СДСМ сатнува реалност“ истакнаа од СДСМ.

Лаура Стојанова М-Нет