
Во завршна фаза е изградбата на најголемата социјална зграда во државата, која располага со 312 станови за лица од ранливи категории. Дополнително на ова во завршна фаза е изградбата и на зградата во Кочани, каде кров над глава треба да добијат 34 семејства од ранлива категорија. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вели дека во делот на социјални згради сме најдобри бидејќи секоја година се искористуваат средствата за изграбда на згради и решавање на социјалното прашање на голем број семејства.
“Во континуитет работиме на мерки и политики кои влијаат на подобрување на социјалната положба на ранливите категории. Активно работиме на изградба на 481 дополнителни станбени единици во Кочани, Велес, Дебар и Сарај. Во овој сегмент од капиталните проекти сме убедливо најдобри бидејќи секоја година целосно ги искористуваме средства за изградба на социјални станбени згради“ – вели Бочварски.
Освен социјалната зграда во Кочани која е во завршна фаза треба да почнат со изградба и социјални згради во Штип и Пехчево. Со ваквите проекти речиси сите градови од Истокот ќе добијат социјални згради и решение на станбеното прашање на голем број семејства од ранлива категорија.
„Во изградба се објектите во Дебар, во Кочани и Велес. Планирани за идна градба се објектите во Сарај, Прилеп, Штип и Пехчево.“ – додаде Ѓорѓиев.
Претходниот период 48 семејства од Свети Николе го решија станбеното прашње, а завршени се и социјалните згради во Пробиштип и Виница.
Лаура Стојанова М-Нет