
Денеска започнува второто полугодие од учебната 2020/21 година. Наставата се одвива со хибридниот модел, односно со онлајн, физичко присуство и настава преку телевизија. Учениците од прво до трето одделение наставата ја следат физички, а останатите ученици онлајн, заради Ковид-19 пандемијата. Зимскиот распуст им даде можност на училиштата да се подготват со соодветна технологија, за настава да се одвива без прекини. Подготвена за почетокот на второто полугодие е и Средното Општинско училиште „Љупчо Сантов“ Кочани.
„СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани во овој период таканаречен зимски распуст активно работеше, набави техника и лаптоп компјутери за секој вработен, во конекција е ставена интернет врската и со полна пареа го започнавме второто полугодие. Учениците од прва до четврта година следат онлајн настава заради Ковид пандемијата, една третина од наставниците ќе држат настава со присуство во училиштето а две третини од одма. Наставата ќе се одвива во една смена“ – истакна директорот на СОУ „Љупчо Сантов“, Христов.
Државната матура која преставуваше проблем во претходното полугодие, останува сеуште не решен за учениците, меѓутоа средношколците од Кочани и Штип, без преземање на активности за бојкотирање на наставата, и поголемиот дел од нив ја следат онлајн наставата. Директорот на кочанската гимназија им посака успешен почеток на второто полугодие на сите ученици.
Гимназијата во Кочани е опремена и со нови музички инструменти за потребите учениците, доопремени се два кабинети по информатика и целосно е опремено ново Еразмус + катче.
Лаура Стојанова М-Нет