Сопственик на стан во Штип го пријавил потстанарот од Турција, полицијата внатре пронашла марихуана

На 09.08.2025 околу 16:10 часот во Штип, полициски службеници го лишиле од слобода А.Е.К.(18) од Република Турција. Постапувајќи по претходна пријава и барање на сопственикот на станот во кој престојува како потстанар А.Е.К., полициски службеници извршиле преглед и контрола во станот, при што пронашле и одзеле марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и шиши исполнето со течност. За настанот бил запознаен јавен обвинител и негово целосно расчистување и документирање, против А.Е.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.