
Штипската едносмерна улица во наредниот период ќе се реконструира и ќе добие нов урбан изглед. Таа ќе биде шеталиште, кое ќе биде поплочено, место на кое ќе се постават соодветните содржини, урбана опрема која ја предвидува проектот. Во наредниод период, односно до крајот на летото се планира да се завршат предвидените активности и граѓаните да имаат можност да го користат шеталиштето соогласно намената, вели Јорданов. Задоволни граѓаните, децидни дека се што ќе се прави во полза на граѓаните е убаво.
„Очекувам фирмата изведувач во наредниот период да обезбеди услови за почеток на градба и изработка на шеталиштето Ванчо Прќе, но и да се направи потребното испитување на сообраќајниот режим, кој ќе трае неколку недели и врз основа на тоа некаде кон крајот на летото да се започне со градежните активности за овозможување на шеталиштето.“ – изјави Јорданов
Граѓаните посочиа дека треба и кај нас да се има улица на која што ќе можат слободно да шетаат, како и во другите поголеми градови. Велат дека сообраќајот на едносмерната улица ќе се намали, а несовесните граѓани ќе немаат услов да паркираат на тортоарите на улицата.
„Па убаво ќе биде да се шетат, дуќаните ќе работат, масички и столчиња ќе си стават луѓето ќе имаат. Убаво е. За шетање е убаво и сега шетаме, но само по тортоарите, тогаш ќе може да шетаме и по сред улица. Ќе биде добро, малку можеби ќе има гужва во сообраќајот со возила. Добро е барем ќе има многу простор за пешаците. Тоа е добро во секој поглед во секој поголем град има таква улица, пешачка која што е како зона. Тоа е многу добра идеја, а за проток ќе најдат други решенија. Убаво е тоа, се што се направе е убаво, тоа е добро и убаво за народот. Па добро ќе биде, луѓето ќе бидат многу безбедни, само за станарите малку потешко ќе биде. Се што ќе се направе е убаво за сите нас.“ – велат граѓаните
Штипјани задоволни од идејата со што посочуват дека секој проект што ќе се направи за доброто на граѓаните е убаво. Децидни дека и за станарите кои живеат на едносмнерната улица ќе се најде решение за сообраќајот и ќе се намали сообраќајниот неред со кој секојдневно се соочуваат штипјани. Инаку на почетокот на едносмерната улица кај стковната куќа „Нама“ и на крајот на едносмерната улица кај Домот на културата во изминатиот период се направени паркинг платформи со цел да се растерети сообраќајот, а и места на кои граѓаните ќе ги поставуваат своите возила.
Лаура Стојанова, М-Нет