
Со 16 гласа „за“ и еден воздржан советниците во Советот на Општина Кочани гласаа против решението на в.д. градоначалникот Венко Крстевски, со што ќе се формираат паралелки со помал број на ученици.
Ова следува откако на 50 наставници не им се продолжија договорите за работа, а две недели дел од основците и средношколците во Кочани губат настава.
На денешната вонредна седница, претседателот Лазо Митев истакна дека е поднесе кривична пријава против в.д. градоначалникот Крстевски заради злоупотреба на службената положба. Крстевски денеска не беше присутен на седницата на совет.
„Во текот на вчерашниот ден е поднесена кривична пријава до јавното обвинителство за злоупотреба на службена должност. Зошто се крие овој документ. Ако градоначалникот пратил претходниот пат и за 24 часа стигнало во министерството, ако на 5 септември е пратен, зошто денеска 12 овој документ сѐ уште го нема во општина. Се сомневам дека некој го крие овој документ. Штета е за нашите деца, јас сметам дека има сомнение за кривично дело.“ – вели Митев.
Во Општина Кочани ова учебна 2025 / 2026 година има запишано 254 првачиња, или за 50 првачиња помалку споредбено со претходната година. Затоа се бараше и формирање на паралелки со помалброј на ученици.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет