
Топлотниот бран ќе се задржи и во наредните денови на територијата на државата, темепратурите надминуваат над 40 степен, докторите се со постојан апел до граѓаните да седат во домашни услови. За M-Нет телевизија докторката Валентина Митрова споделува совети кои ќе го олеснат заштитувањето од жешките температури.
„ Оние што поради работните обврски се изложени или мораат да бидат присутни во тој период да се хидратираат особено со вода без алкоголни пијалоци. Да бидат заштитени со лесна светла облека капи.“ вели Митрова
И Министерстовото за здравство апелира да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето:
Се препорачува во текот на екстремно топли денови останете во затворени простории (пред се климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за одмор под сенка.Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце заштитни очила и капа. За сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.
Да се внесуваат претежно овошје и зеленчук, помалку мрсна храна. поголеми количества течности, најдобро вода, да се избегнуваат алкохолни пијалаци
При влегување во возило, први тоа да се проветри.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: – задолжително миење на земјоделско градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а подготвената храна да се стави во фрижидер на +4 степени Целзиусови, пред употребата да се загрее на +100 степени. Да се избегнуваат термички необработени производи.
Хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичен лекар.
Сончево и многу топло со максимални температури до 42 степени е денешната временска прогноза, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Лаура Стојанова, М-Нет