Снежните врнежи не влијаат на водите на реката Брегалница, водостојот е покачен за само три сантиметри

Снежните врнежи не влијаат на водите на реката Брегалница. Штипјанецот Киро Маџунаров кој околу три децении го мери водостојот на реката, вели дека нивото на реката е покачено за само за три сантиметри. За М-нет тој истакна дека моменталната состојба на реката Брегалница изнесува 72 сантиметри.

“Моменталната состојба на река Брегалница е 72 сантима. Инаку во вчерашниот ден беше 69, што значи за три сантима е покаќено нивото. За ваша информација снежните врнежи што изнесуваа 30 сантиметри снег и исто толку воден талог на мерното место кај кежовица Ново Село немаше големо внимание на водостојот на реката на Брегалница. Што значи дека врнежите кои што беа овој период не влијаеа многу на водите на реката Брегалница. Минатата година беше е една од посушните, а последните месеци имаше 115 литри воден талог на метар квадаретен.”, вели Маџунаров

Граѓаните велат дека ваков снег беше и те како потребен, додаваат дека ако врнежи од дожд има и во текот на пролета, годината ќе биде многу плодна.

Инаку, Вкупната должина на река Брегалница е 211,5 км. со среден пад од 5‰. Реката Брегалница е поделена на три различни делови: типично планински турбулентен тек кај Истибања, дел со бавен тек со одделни плитки брзаци до Штип и типично раминичарски бавен дел од Штип до нејзиниот влив во река Вардар.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет