Случајот кој ја разбрани штипската јавност откако осамна на социјалните мрежи стигна и до полиција. Настан во штипска дискотека го привлече вниманието на јавноста. Имено, изминатава недела на објава на социјалната мрежа „фејсбук“ имаше бројни препукувања, а за настанот денеска информации пристигнаа и од СВР Штип. Во денешниот билтен стои дека пријавата пристигнала вчера во 10 часот наутро.
„На 25.01.2022 во 10.00 часот во полициската станица Штип, А.Ј.(19) од Штип пријавила дека на 16.01.2022 околу 03.00 часот во дискотека во Штип била физички нападната од Г.А.. По комплетирање на случајот против Г.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.“ – стои во билтенот на СВР Штип