Службена победа за Детонит Плачковица – Преспа остана без бодот од Радовиш!

Поднесената жалба на Детонит Плачковица е прифатена од страна на Фудбалската федерација на Македонија, радовишани мечот со Преспа го добиваат по службен пат – 3:0 и три бодови.

Тимот од Ресен направил повреда при измената за играчи под 21 година, откако на теренот поминал неколку минути со двајца, наместо со тројца играчи под 21 година.

Според тоа, Детонит Плачковица се жалеше врз основа на член 206 од Пропозициите за натпреварување, а ФФМ овој меч го регистрира со службени 3:0 за радовишани врз основа на чл100 точка S од ПН a врз основа на чл.20 Б од Пропозиции за Втора лига 25/26.

Детонит Плачковица доби три бодови, а Преспа остана без освоени бод во Радовиш, бидејќи мечот заврши со 1:1.

Александар Ванев, М-Нет