
Денес беа одиграни натпреварите од 3. коло од Третата лига – Исток, а третата рунда донесе две победи и две ремија.
Тиверија го нанижа третиот пораз откако дома беше поразена од Рудар со резултат од 0:2. Гостинот од Пробиштип на полувреме имаше предност од 0:1 со голот на новото засилување Иса Дурмишов, а во вториот дел Дарко Стојановски погоди за конечни 0:2 и втора победа за Рудар, откако во првото коло беше слободен.
Слога Виница се соочува со сериозни финански проблеми, како што веќе објави телевизија М Нет фудбалерите на тренираат 10-тина дена, а доколку не се реши проблемот со финансиите, тие повеќе и нема да играат. Иако со проблеми Слога денес забележа убедлива победа од 4:1 над новајлијата Ударник од Пирава на домашен терен.
Ристов во 7. минута го отвори резултатот за водство на домаќинот од 1:0, а Воинов зголеми на 2:0. Во 35. минута Тенекеџиев намали на 2:1 на полувреме.
Во финишот на вториот дел Спасов и Трајчов ги постави конечните 4:1 со што трите бодови останаа во Виница.
Ефектинов реми со шест погодоци одиграа Малеш и Овче Поле во Берово каде двете екипи ремизираа играјќи 3:3. На полувреме резултатот беше 1:1, откако домаќинот прв дојде до предност со голот на Радински, а Симонов израмни на 1:1. Во вторито дел Пачемски одново го донесе во водство Малеш, а потоа Дарко Нацев израмни на 2:2.
Малеш имаше водство и по трет пат со втор гол на Пачемски во 70. минута, а Симонов со втор гол во 80. минута ги постави конечните 3:3.
Дојранско Езеро и Вардарски одиграа 1:1 во локалното дерби. Баламов во 30. минута постигна гол за водство на гостинот од Богданци, а Вардарски оваа минимална предноста ја чуваше се до 89. минута кога Цонев постигна гол за конечни 1:1 и поделба на бодовите.