
Паркингот во населба Ново село во Општина Штип после мостот кај градската црква Св. Никола е слободен односно не се наплаќа. Граѓаните кои минуваат од таму или имаат секојдневни обврски своите возила ги паркираат овде, но и останатите кои сакаат да не платат за паркинг услугата таму ги паркираат своите автомобили. Од овде се јавува вистинскиот проблем кај граѓаните кои живеат овде не можат да најдат слободен паркинг простор, па реагираа до нашата редакција. Зошто не се наплаќа паркинг услугата овде и дали ќе се наплаќа одговор побаравме од Директорот на ЈП„Стипион“, Трајче Коштанов.
„Тој дел од градот после мостот кај црквата Св. Никола е во фаза кога вршиме анализа и сакаме и тој дел од улицата да го направиме платен паркинг“ – кажа Трајче Коштанов директор на ЈП „Стипион“
Неофицијално се работи за 20 паркинг места кои се обележани, но не се наплаќаат, а со дополнителна анализа ќе се разгледа потребата за нивно зголемување.
Во Општина штип паркингот кај Ново село не е единствената локација каде има обележан паркинг простор, а услугата не се наплаќа, односно такви места има 103. Меѓутоа со сегашната постапка на отстранување на лимените гражи од јавни површини во градот под Исарот, се ослободува дополнителен простор. Коштанов истакна дека истите ќе бидат наменети за паркинг и се надева дека ќе се намали метежот и ќе се задоволат потребите на штипјани за пронаоѓање паркинг плус.
Според Коштанов и сега со интезивна наплата на паркинг услугата полека се става ред на гужвата во централното градско подрачје во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет