Слободен влез за финалните натпревари од одбојкарскиот Куп на Македонија

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Утре ќе бидат одиграни финалните натпревари од одбојкарскиот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција.

За утрешните финални натпревари влезот ќе биде слободен, сите посетители, навивачи, поддржувачи, љубители на одбојката ќе може да ги проследат финаналните натпревари од Купот на Македонија без притоа да плаќаат карта, односно влезот ќе биде слободен.

Завршницата од Купот на Македонија се игра во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Кај мажите во финалето се среќаваат Струмица и Штип УГД, кај дамите денес се играат полуфиналните мечеви и ќе бидат познати патниците.

Наковски Волеј и Фит Фан Волеј се првата полуфинална двојка, а пак Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ е втората полуфинална двојка.

Александар Ванев, М-Нет