
Скапи беа цените за штипјани од денешниот црн петок, па денот го поминаа на пазарот во Штип. Велат дека цените се речиси скапи, иако денот е наречен како црн петок. Додаваат дека ќе купуваат кога ќе имаат нешто повеќе на страна или кога цените ќе бидат многу по ниско од сега.
Црниот петок е ден на големи попусти и распродажби, кој обично се паѓа во последниот петок од ноември. Овој ден го означува почетокот на празничната шопинг сезона, а попустите често се огромни, како во физичките продавници, така и преку интернет. И иако не се дел од нашата традиција, тие се дел од глобалниот концепт на потрошувачко општество, па затоа пред години стана обичај овде и навистина одлична можност да се купат празнични подароци навреме по пристојни цени.
Лаура Стојанова, М-Нет