
Прволигашот Силекс промовираше двајца напаѓачи од Босна и Херцеговина, се работи за 27-годишниот Нихад Шеро и 24-годишниот Есмир Хасукиќ.
Шеро настапува на крилните позиции во нападот, а во својата кариера има настапувано за клубови од Босна и Херцеговина, во кратовскиот прволигаш доаѓа од редовите на Челик Зеница.
Хасукуќ игра како централен напаѓач, исто така има настапива за клубови од Босна и Херцеговина, а во Силекс пристига од редовите на ГОШК Габела.
Двете засилувања веќе се приклучија на подготовките на Силекс, кој ја темпира формата во Охрид, а каде одигра и пријателска против Динамо Тирана од Албанија, на кој тест Силекс загуби со 1:2.
Дебинтатот Шкендија Арачиново го промовираше Вилан Керим како ново засилување, крилниот офанзивец доаѓа од редовите на Пелистер, а претходно во својата кариера 31-годишниот фудбалер беше дел од Пелистер, Детонит Плачковица Скопје, Вардар, Гостивар, а меѓународна кариера градеше во Турција и Косово.
Шкендија Арачиново новата сезона ја отвара против Струга во гости, а пак Силекс ќе игра против Башкими на домашен терен.
Александар Ванев, М-Нет