Силекс е есенски шампион во Прва лига, Работнички со голем триумф, нема победник во Тетово!

ФОТО: ФК Силекс

Силекс е есенски шампион во Првата лига, откако денес со голот на Ефитмов славеше над Вардар од минимални 1:0, во меч каде Силекс имаше два црвени, а еден Врдар.

Тиквеш преку головите на Манасиевски и Стојкоски дојде до победа од 2:0 над Брера Струмица во меч каде Тиквеш имаше два црвени, а Брера еден.

Дербито во Тетово меѓу Шкендија и Гостивар заврши без победник, но и без голови (0:0).

Работнички со 3:0 славеше голема победа над Пелистер преку двата гола на Мазари и погодокот на Регхба.

Шкупи дојде до победа од минимални 0:1 над Беса во Гостивар и преку автоголот на Захов.

Александар Ванев, М-Нет