
Кратовскиот прволигаш Силекс го засили нападот со Марко Ѓорѓиевски, кој доаѓа од редовите на Академија Пандев.
22-годишникот во Кратово доаѓа како слободен играч, откако ја прекина соработката со струмичкиот прволигаш.
Тој одигра вкупно 13 натпревари во Прва лига и запиша една асистенција, при што на фудбалските терени помина 643 минути.
Ѓорѓиевски беше дел од младинската школа на Вардар, а потоа играше за Борец и Шкупи, додека пак на меѓународната сцена настапуваше за Вождовац и Раднички Пролетер.