Се уште се трага по 38 годишната Јаница Цековска, штипјанецот Мијалков – ,,Куче да беше, до сега Македонија на нозе ќе беше“

Се уште се трага по 38 годишната Јаница Цековска, која на 3 октомври се оддалечила од Мал групен дом во Градско. По барање и со дозвола на член од нејзиното семејство, објавена е и фотографија од Цековска со цел да се помогне во нејзиното пронаоѓање. Во моментот на оддалечувањето носела црни тренерки – долен дел, црна тренерка – горен дел со лилјакова апликација и црни пластични влечки.

Се апелира до граѓаните кои имаат каква било информација за Јаница Цековска или ја забележале, веднаш да ја пријават во најблиската полициска станица. Во меѓувреме штипјанецот Зоран Мијалков, родител на деца со препоречност, на социјалните мрежи преку видео јавно ги повика сите медиуми, бидјеки како што вели оваа ситуација не смее да остана вака, бидјеки како што вели родителите што имаат вкави деца знаат дека еден ден истот може да ги чека и нив.

,,На 3 октомври се оддалечува од малиот групен дом Градско, уште ја нема. Куче да беше до сега Македонија на нозе ќе беше. За 38 годишна со посебни потреби седум дена ја нема и никому ништо. Јас ги повикувам медиумите, ова не смее вака да остане, затоа што тие што имаме деца со посебни потреби знаеме и нас не чека тоа. Тоа ли треба да се доживее и ние така ли да имаме сигурност што со нашите деца после нас?“, вели Мијалков

Инаку, информацијата за исчезнувањето е објавена на 5 октомври, а засега немаме понова потврда дали Јаница е пронајдена.

Граѓаните кои располагаат со релевантни информации можат да ги пријават во полиција, за надлежните да ја проверат нивната точност и да постапат соодветно.

Иван Митев, М-Нет