
Започнаа активностите за уредување на тротоарските површини на улицата „Лески3 во населбата Баби во Штип. Овој потег на кој се работи се наоѓа во непосредна близа на ООУ „Славејко Арсов“ со што се нуди и поголема безбедност за учениците но и за сите останати пешаци. Освен оваа улица во наредниот период ќе се работи и на тротоарите на улицата Крушевска Република во оваа населба.
„Согласно програмата за уредување градежно земјиште денеска се започнати активнсти во населба Баби, на улица „Лески“. Овде ќе се уредува едно плато , тротоарска површина за поголема безбедност за учениците. Освен тротоарите на улица Лески ќе се уредуваат и тротоарите на улица Крушевска Република. Одвоени се повеќе од два милиони денари “ – вели Јорданов.
Во перидот кој следи предвидено е да се асфалтира влезот на градот, а ќе се уредува и тротоарот кај булеварот Партизанска кој практично води до населбата Баби. Јорданов посочи дека се работи и по барање на жителите со цел решавање на проблеми и потреби.
„Во следните денови ќе се асфалтира влезот на градот од страната каде се наоѓа населбата Баби, а ќе се уредува и тротоарот кај булеварот Партизанска“ – додава Јорданов.
Освен во населбата Баби на терен се работи во речиси сите населени места во Штип, со што се подобрува изгледот на градот но и начинот на живот за граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет