Се одложуваат операциите кои не се итни во КБ Штип летниот период

Овој и наредниот месец се откажуваат операциите во КБ Штип кои може да почекаат. Ова е пракса и од претходните години летниот период во месеците јули и август да се оглагаат операции кои може да почекаат. Но, диркеторот на болницата, вели дека и покрај тоа што е период на одмори сепак има доволно луѓе кои може да им излезат во пресрет на пациентите овој период. Оперативните зафати кои мора да се завршат не се одлагаат.

„Како и секоја година започнува периодот во кој се очекуваат восики температури. КБ Штип и покрај тоа што е сезона на одмори си ја има организирани работата. Што се однесува до операциите како и секоја година во јули и август се откажуваат оние операции кои може да почекаат кои ние ги нарекуваме еликтивни. Но, сите оние операции кои треба веднаш да бидат извршени за акутни, хируршки состојби, како и пациентите кои имаат малигни болести за бнив не важи ова одлагање на оперативни процедури.“ – вели Георгијев.

Во меѓувреме апаратот за магнетна резонанца и рентген апартот се надвор од финкција во КБ Штип. За ренген апаратот наскоро ќе биде распишана јавна набака за да се поправи и стави во функција, а за магнетна резонанца се чека комплетна понуда.

„Во моментот не работи апаратот за магнетна резонанца, таму сѐ уште чекаме комплетна понуда што е тоа што треба да се сервисира и во делот на рентген апаратот – тој не е во функција некое време. Таму веќе ја добивме понудата, помина на управен одбор одлуката за сервисирање, во скоро ќе биде распишана јавната набавка за да биде ставен во функција“ – додава Георгијев.

Директорот Георгијев посочи дека во наредниот период би требало апаратите да бидат пуштени во функција.

Банер: Се одложуваат операциите кои не се итни во КБ Штип летниот период.

Лаура Стојанова М-Нет