Семинар на тема ,,Розов октомври“ во Штип, целта е подигање на свеста за борбата со ракот на дојка

Со цел да се подигне свеста за борбата со ракот на дојка, денес во Штип се одржа семинар на тема „Розов октомври“. Организиран од студентската асоцијација СОМА, настанот испрати силна порака: телото зборува, но ретко го слушаме. Наместо само за медицински факти, се зборуваше за емоции, стравови и тишина што боли.

,,Целта на овој семинар е да се подигне свеста и всушност да се сфати дека медицината не е само теорија, не е само пракса, туку е всушност уметност на слушање. Затоа што слушањето е всушност лекот. Се слушат симптомите, телото, се слушат емоциите. Токму тоа ќе го опфатиме во овој семинар и токму таа психолошка страна ќе биде и фокусот на овој семинар денес. Пред се ние денес пробавме да направиме простор каде што ќе може да порагоразговараме, да дадеме подршка и на други и да научиме нешто ново. Разговорот е лек за се. Од разговорот може и да се научи, мислам дека тоа го направивме токму денес.”, истакна Мирасчиев

Дека ова заболување е се почесто во денешницата, особено кај помладите, согласна беше радиологот од КБ Штип Габирела Димова. Рече дека минималната возрасна граница на ова заболување е од 25 тата годината нагоре

Подигнувањето на свеста за ракот на дојка не е само збор, туку повик на акција. Раното откривање е клучот што може да спаси живот и да даде шанса за целосно оздравување. Студентите и оваа година го одбележаа месецот, нагаслувајќи дека не само овој месец треба да биде потсетник за подигањето на свеста од ова заболување.

Иван Митев, М-Нет