Семејно насилство во Кочани, физички ја нападнал неговата мајка

На 12.11.2021 во 16.20 часот на ул.„Никола Вапцаров“ во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода В.Ѓ.(34) од Кочани затоа што физички ја нападнал неговата 58-годишна мајка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.