Секој ден растат цените на производите во маркетите – граѓаните велат сиромашно преживуваат

Откако се одмрзаа цените на производите постојано се забележува нивно згомеување во маркетите, велат граѓаните на терен во Штип. За денер до два велат повисока е цената на млекото, благо покачување има на цената на месото, а коментирајќи за цената на зеленчукот и овошјето велат дека зимница нема да се прави, а не можат реално да си дозволат да си купат ниту диња ниту лубеница. Ваквата ситуација на терен ги става во групата сиромашни граѓани, па како што додаваат со мали примања тешко може да си дозволат полни трпези. Децидни се дека ги плаши фактот оти цените може да се покачат до крајот на годината, а никако не веруваат дека истата може да оди во надолна линија.

„Млеко земаме секој ден, и се е по еден – два денари поскапо. Какво месо, мелено земаме од тоа евтиното и готово“ – велат граѓаните.

Дека зголемување на цените на произвидите има, покажуваат и последните анализи на ДЗС.

Од Влада, по одмрзнувањето на цените на производите уверуваа дека драстична промена и покачување нема да има. Дополнително, велат дека ако

се покачат цените на производите од септември ќе се воведат нови пакет мерки за граѓаните. Во игра се замрзнување на маржите или пак замрзнување на цените на призводите.

Лаура Стојанова М-Нет