
Јорданов знае само да се жали и да бара алиби за неговото неработење, реагираат од ОО на СДСМ Штип, по вчершаната изјава на Јорданов, во која се вели дека ако не беа долговите од претходната Власт, сегашната ќе можеше да инвестира многу повеќе во капитални проекти. Јорданов вчера истакна дека и покрај високите сметки за електирчна енергија и тешката ситуација со која се соочува општината и ЈП Исар, сепак ќе се направи многу повеќе отколку додсега направеното. Од СДСМ велат сметката на општината беше празна во 2017година.
„Сметката на општината беше празна во 2017 година кога СДСМ дојде на власт и немаше доволно средства ни за исплата на плата на вработените. Во врска со ЈП „Исар“, за потсетување, во 2017 г. беше затекнато во далеко полоша финансиска состојба . Долгот за струја беше над 25 милиони денари. Возниот парк беше во очајна состојба. Потсетуваме и дека претходните раководства на ЈП „Исар“ предводени од ДПМНЕ месечно трошеа 1.500.000 ден за гориво за непостоечки камиони и ги дуплираше паушалите на членовите на УО и НО. По доаѓањето на власт на ВМРО ДПМНЕ, Јорданов наследи над 47 милиони денари на сметката на општината, на сметката на ЈП Стипион над 4 милиони денари и на сметката на ЈП Исар 9 милиони денари. Долговите во општинските училишта во 2017та година по основ на греење и превоз изнесуваше над 500.000 евра. “ – додадоа од СДСМ.
Според нив Реконструкции на улиците и патиштата се обврска на секој градоначалник. Тоа се пари на граѓаните и тие очекуваат подобрување на инфраструктура, како и нови капитални проекти.
Градоначалникот Јорданов во разговор за М-Нет телевизија изјави дека бројките покажуваат нешто друго и долгот од 5 милиони евра е факт.
Лаура Стојанова М-Нет