
Политиките на СДСМ создаваат нови и подобри можности за македонските земјоделци и земјоделството во целина -истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму посочуваат дека се инвестира во земјоделството и развојот на истото во државата.
„Ние сме прва земја во регионот којашто започнува со ИПАРД 3 програмата. Имаме неповратни 97 милиони евра од ЕУ, пари за модернизација и дополнителен развој на македонското земјоделство. Во моментот се распишани мерки со вкупен износ од над 50 милиони евра за поддршка за земјоделството и руралниот развој. Мерка „Млад земјоделец“, со неповратни 10.000 евра за започнување со земјоделска дејност; Мерка 3 од ИПАРД 2, со буџет од 9 милиони евра наменети за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи; Мерка 1 од ИПАРД 3, со буџет од 20 милиони евра за инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства; Мерка 7 од ИПАРД 3, со буџет од 10 милиони евра за диверзификација на фарми и развој на бизниси/ рурален туризам“ -вели Рунчева.
Од таму посочуваат дека средствата за земојделците се имплус за македонското земјделство и развој на истото.
„Во тек е и распределбата на новите картички за „зелена нафта“, со буџет од близу 5 милиони евра и со оваа мерка се опфатени околу 50.000 земјоделци.Овие средства се голем импулс за македонското земјоделство и поддршка за земјоделците да го унапредат своето производство, воведувајќи иновации и модерни технологии.“ -додава Рунчева.
Од СДСМ додаваат дека на ваков начин се потикнуваат земјоделците работат и да инвестираат во земјоделието.
Лаура Стојанова М-Нет