СДСМ Штип: Зошто се променија директорите на јавните претпријатија?О. Штип: СДС е брод кој тоне

Со кадровската промена на директорите на двете јавни претпријатија во Штип, Јорданов конечно најде извршители кои ќе обезбедат услови за целосно згаснување на едно до претпријатијата, потенцираат денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Прашуваат од каде е потребата за смена на директорите кога истите на овие функции беа поставени пред само пет месеца. Уште низа прашања се упатени на адреса на градоначалникот Јорданов.

„Затоа прашуваме:
Зошто досегашниот директор на ЈП Исар, Трајан Коцев е разрешен, дали поради непослушност и неспроведување на партиските агенди или пак поради можни злоупотреби?
Дали во новиот двое Зајков – Стефановки, Јорданов препозна послушници кои без приговор ќе ги реализираат сите негови штетни одлуки?
За потсетување, новиот директор на ЈП Исар, Кирил Зајков до вчера беше прв човек на ЈП Стипион и потписник на одлуката со која учеството на Стипион во реализација на програмата за уредување на градежно земјиште од 40% се намали на 30%.“ – посочија од СДСМ.

Од СДСМ го повикуваат градоначалникот Јорданов да собере храброст и да одговори на поставените прашања.

Од Општина Штип во писмено соопштение посочија дека одговорно ја градат иднината за Штип, но повоторно немаше одговотр на ниту едно од поставените прашања.

„СДС е брод кој тоне и буквално секој ден се обидуваат да ја труат јавноста со невистини и лаги. Локалната самоуправа и покрај сите препреки и опструкции кои ги има од нивна страна постојано, одговорно и чесно ја гради новата иднина за Штип. “ – стои во писменото соопштение од Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет