СДСМ: Со реконструкција на спортските сали во Штип се подобруваат условите за младите ученици и спортисти

Речиси сите средните и основи училишта во Општина Штип се подновија со нови спортски сали и игралишта, со подобри услови за учениците, но и за спортистите. Со завршување на спортскиоит терен во средното училиште Славчо Стојменски во Штип, од ОО на СДСМ Штип истакнаа дел од завршените проекти во изминатиот период.

„После децении наназад комплетно е реконструиран дворот на гимназијата „Славчо Стојменски“ и изградивме баскет игралиште по европски стандарди. Се работи за игралиште со акрилна подлога специјално наменета за разни видови на спортски дисциплини, со огромно ниво на амортизација со што се намалуваат повредите кај спортистите. Поставени се нови кошеви, нова ограда, клупа и трибина, а во следниот период продолжуваме со дополнување на целокупната површина на дворот и изградба на одбојкарско игралиште по истите стандарди, како и поставување рефлектори со што ќе овозможиме подобри услови за сите наши спортисти“ – истакна Мандак.

Власта предводена од СДСМ инвестира и во реконструкција на спортската сала во средното училиште Коле Нехтенин, каде салата доби нов под, нови прозори и ново осветлување, површина од 1100  метри квадратни и инвестиција од 7,5 милиони денари, додаде Мандак. Нова спортска сала доби и средното медицинско училиште „Јане Сандански“.

Мандак додаде дека СДСМ се грижи за образовниот систем, за учениците и за спортистите. Како партија на Власт нивните заложби не престануваат овде, туку дополнително ќе се работи на проекти и мерки кои значително ќе ги подобрат условите на младите во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет