СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски за објавување службена тајна

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски, соопшти Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.

„Поминаа 9 дена од нападот на младите активисти во Ново Село а досега никој не е повикан на распит, нема истрага, нема ништо. Власта ги штити насилниците, молчи Јавното обвинителство, молчи МВР. Прво ги нападнаа физички младите активисти после и јавно, со лаги и конструкции. Мислеа дека ќе ги замолчат. ВМРО-ОКГ на прес-конференција објави доверливи податоци од документи од Полициската станица Струмица. Докуметни и податоци до кои немаат право на пристап и кои се водени како службена тајна. А тоа е ново кривично дело. Мислеа дека ќе се спасат? Се излажаа. СДСМ денеска поднесе Кривична пријава до Основното јавно обвинителство и до Обвинителството за гонење организиран криминал. 1.Против полициски службеници во СВР Струмица за повеќе дела: -Злоупотреба на службената положба и овластување, со пристап кон казнената евиденција и извлекување на доверливи документи кои биле дадени и завршиле во ВМРО. -Оддавање службена тајна (Член 360 од КЗ), затоа што податоците од казнената евиденција претставуваат класифицирана информација и службена тајна а завршиле во ВМРО. -Злоупотреба на лични податоци (член 149), затоа што овозможиле податоци од посебна категорија (казнена евиденција) да бидат искористени за партиски цели на ВМРО-ОКГ, сосема различна од онаа за која се прибрани“, рече тој.

Димитријевиќ кажа дека кривична пријава е поднесена и против Валентин Манасиевски од ВМРО-ОКГ за злоупотреба на лични податоци. Бидејќи без никаков законски основ, јавно презентираше и соопшти податоци од казнената евиденција преку средства за јавно информирање и поттикнување (член 23 од КЗ) поради основано сомнение дека самостојно или преку посредници, со умисла ги поттикнал првопријавените да ги извршат кривичните дела злоупотреба на службената положба и оддавање службена тајна. Тоа го сторил со цел да му ги обезбедат предметните доверливи податоци за потребите на неговиот јавен настап“, рече Димитријевиќ.



Додаде дека сега Јавното обвинителство е на потег и дека за прекршување на законите мора да има одговорност.

Текстот (Видео) СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски за објавување службена тајна е превземен од МАКФАКС.