
Проектите кои ги подготви и реализира СДСМ се полн погодок велат во писмената реакција од ОО на СДСМ Штип по денешниот прес на градоначалникот Јорданов во врска во конзолите. Според нив проектите на СДСМ се придобивка за градот, а тоа денеска го потврдил и Јорданов.
„Изградбата на паркинг платформите со кои се изградија дополнителни паркинг места, овозможија да се пристапи и кон реализација на еден крупен проект како конзоли на река Отиња.
Се надеваме дека Јорданов конечно сфатил и разбрал за што ќе служат истите и дека овој проект е од клучно значење за растеретување на сообраќајот и подобар проток на возила.
Овој проект е во целост изготвен од страна на претходната локална власт, а истиот се реализира со помош на Министерството за транспорт и врски. Со овој проект не се зголемува бројот на нови паркинг места, како што Јорданов тврдеше, туку се ослободува уште една дополнителна коловозна лента.“
Од ОО на СДСМ Штип додадоа дека денешната прес конференција на Јорданов е иронична и дека времето ќе покаже колку е способен да го реализира до крај.
Лаура Стојанова М-Нет