
Со положување свежо цвеќе, едноминутен молк и силно чувство на заедништво, денеска свечено беше откриена спомен бистата на Тоше Тодоровски во Пробиштип , еден од загинатите во дисоктетката Пулс. Меѓу присутните неговото семејството, колегите, претставници на синдикалните организации, а поддршка дадоа и од министерството за внатрешни работи во присуство на министерот Панче Тошковски.
Почит и говор дадоа и од Независниот синдикат на полицијата. И тие, потсетувајќи се на неговата посветеност, изразија длабоко сочувство до семејството.
Инаку спомен бистата на Тоше Тодоровски во Пробиштип е вечен симбол на неговата храброст и посветеност. Неговото име ќе живее во сеќавањето на сите негови сограѓани, како потсетник на жртвата за заедничката безбедност.
Иван Митев, М-Нет