Само насмевка, убав збор и прегратка се најпотребни за лицата со аутизам, нивниот ден денеска се одбележува ширум светот

Само насмевка, убав збор и прегратка се потребни за децата со аутизам, за да се чувствуваат прифатено и денот да им биде исполнет. Зоран Мијалков, родител на две деца со аутизам, по повод денешниот меѓународниот ден за подигање на свеста за аутизмот, рече дека доста одговорно и макотрпно е да се биде родител на деца со ваква состојба, бидејќи потребно е многу внимание и посветеност. Според него во Македонија бројките на аутистични деца расте, па ако порано на 10 000 деца имало само едно, сега бројката е драстична поголема, што значи дека сега во просек на 36 деца , веќе едно од нив е со аутизам.

Мијалокв вели дека ваквите деца се многу емоционално достапни, меѓутоа повќето не се вербални и поради тоа што неможат да ги искажат емоциите многу често знаат да се најдат и во депресија.

На 2 април се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот. Пред 17 години, Генералното собрание на Обединетите нации го воспостави овој ден, поттикнувајќи акции за подигање на општата свест за состојбите од спектарот на аутизам.
Аутизмот не е болест, туку состојба при која луѓето кои живеат со него имаат поинаков начин на интерпретација на зборовите, боите, формите и звуците на светот околу нас. Причините се непознати, иако се верува дека постои генетски фактор поврзан со еколошка компонента. Со персонализиран и специјализиран терапевтски третман, можно е да се зголеми квалитетот на живот на лицата засегнати од аутизам.

Иван Митев, М-Нет