Рок, одговорност и одлука за „Пулс“ бараат родителите на загинатите од Кочани

Рок, одлука и одговорност бараат родителите на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Тие реагираат поради, како што велат, предолгото одолговлекување на постапката што ОЈО ја води од 12 јуни 2025 година. Иако со месеци добиваат уверувања дека предметот е во завршна фаза, конкретна одлука, според нив нема. Родителите предупредуваат дека секое ново доцнење во ваков случај претставува неправда. Порачуваат дека нема да дозволат случајот да биде заборавен. Ќе останат истрајни додека правдата, како што велат, конечно не биде испорачана.

,,Доста е, веќе предолго ОЈО ГОКК ја влече постапката, што започне на 12 јуни 2025 година. Месеци слушаме дека е во заврша фаза, а одлука нема. Во трагедија од вакви размери, секое доцнење е неправда. Бараме рок, одлука и одговорност. Нема да дозволиме овој случај да стане уште една затурена папка. Ќе бидеме тука додека правдата конечно не биде испорачана. Правдата што доцни не е правда.“, истакнаа родителите

Дополнително, родителите го отвораат и прашањето, како е можно лице поврзано со истрагата за трагедијата со 63 жртви, без судска забрана, слободно да отуѓува имот, барајќи еднаква примена на законот за сите.

,,Како е можно лице поврзано со трагедијата со 63 жртви, кое е дел од истрага, слободно да отуѓува имот без судска забрана и без јасна контрола на потеклото на средствата. Ова е системско легетимно прашање и не се однесува на лична критика, туку на еднаквост пред законот.“, велат родителите

Инаку, изјавите на родителите, беа од последниот марш за ангелите, кои се одржа во саботата на 24 јануари. И овој марш со транспаренти со јасни пораки, родителите побараа правда за своите чеда, кои вечно ке останат во нивните срца. Како што истканаа за правдата ќе маришираат и ќе се борат до крај.

Иван Митев, М-Нет