РК Радовиш доби нов тренер – Игор Котевски ќе води борба за опстанок со новиот клуб!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Ракометниот клуб Радовиш доби нов тренер, искусниот Игор Котевски ќе во води клубот кон една цел – опстанок во Суперлигата.

Изненадувачки доаѓа оваа промена на тренерското столче, ако се земе фактот што младите тренери Александар Долдуров и Спасе Ѓоргиев го вратија клубот преку бараж во Суперлигата и во тешки моменти го водеа клубот особено во есенскиот дел од тековната сезона.

Сега Котевски ќе го води клубот, а пак Долдуров и Ѓоргиев ќе бидат исто така дел од стручниот штаб.

Низ својата кариера Котевски ги водеше Металург РА и Металург, Голден Арт, Јуниор КВ, Вардар Неготино, Македонија ЃП, Бутел Скопје и Драчево.

Неговото деби ќе биде на мечот со шампионот Еурофарм Пелистер, а овој меч наместо во Радовиш ќе се игра во Битола со почеток од 13 часот во недела.

Александар Ванев, М-Нет