Ристов ќе им суди на Саса и Башкими, Смоквоски главен во Радовиш, Идризи во Струга

Во недела на програмата се натпреварите од 21. коло од Втората македонска фудбалска лига, а веќе се делегирани и судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум натпревари.

Влатко Илиоски ќе им суди на Скопје и Охрид, Александар Василевски ќе ја дели правдата на дуелот во Неготино меѓу Вардар и Арсими, Фуркан Идризи ќе биде главен во Струга каде ќе играат Караорман и Пелистер, а пак Игор Иванов ќе им суди на Кожуф и лидерот Беса во Гевгелија.

Кирил Смоквоски ќе биде главен во Радовиш каде ќе играат Детонит Плачковица и тетекс, Сашко Ристов ќе им суди на Каменица Саса и Башкими, Фатмир Бафто ќе ја дели правдата на дуелот за прв пролетен триумф меѓу Новаци и Победа.

Во Струмица ќе се соочат Беласица и Осогово, а овде правдата ќе ја дели Игор Стојчевски.

Колку за потсетување на телевизија М Нет во живо ќе може да го следите натпреварот меѓу Каменица Саса и Башкими, а пак на М Нет Спорт ќе може да го следите натпреварот од Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Тетекс.

Сите натпревари ќе започнат во 15 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 21. КОЛО ВТОРА ЛИГА:

Скопје – Охрид, Влатко Илиоски (Прилеп)
Вардар Неготино – Арсими, Александар Василевски (Скопје)
Караорман – Пелистер, Фуркан Идризи (Тетово)
Кожуф – Беса, Игор Иванов (Велес)
Детонит Плачковица – Тетекс, Кирил Смоквоски (Прилеп)
Каменица Саса – Башкими, Сашко Ристов (Струмица)
Новаци – Победа, Фатмир Бафто (Охрид)
Беласица – Осогово, Игор Стојчевски (Скопје)

Александар Ванев, М-Нет