Речиси се е подготвено за овогодинешното издание на Макфест 2021

Неколку часови до почетокот на овогодинешното издание на фестивалот макфест. Во аква бела ресортот во Штип, под отворено небо веќе при крај се подготовките за вечерашното спектакуларно макфестово издание. Под отворено небо, во мирен и пријатен амбиент со почитување на мерките и протоколите за заштита од ковид 19, 12изведувачи ќе застанат и ќе го дадат максимумот од себе пред ограничениот, но доволен број публика во живо и пред гледачите пред малите екрани.

„Очигледно е дека е се подготвено за 36тото издание на Макфест. За неколку часа практично ќе започне првата вечер или вечер на младите ѕвезди, еве сега пристигнуваат првите учесници и по пробата официјално започнува оној работен дел од фестивалот“ – истакна Панајотов.

Картите за Макфест се веќе продадени, но ова се должи пред се на ограничениот нивен број. Панајотов вели дека многу малку карти останале за продавање, истовремено побара разбирање од страна на граѓаните, кои во голем број изразиле интерес.

План Б за вечерашното издание на Мак фест нема доколку заврне дожд, вели Панјотов но во секој случај фестивалот нема да биде прекинат.

Ова е 36 издание на Макфест и ова е еден од фестивалите кои се одржуваат секоја година вклучувајќи ја и минатата во ковид пандемија. За вечерва се очекува Мак фест да се одвива со многу новитети, гламур и враќање на сјајот.

Лаура Стојанова М-Нет