
Вчера на Градскиот стадион во Радовиш репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа сигурна победа од 2:0 над репрезентацијата на Босна и Херцеговина на пријателски меч од контролен карактер.
Натпреварот понуди добар фудбал, многу публика и голема борбеност на теренот, а младите надежи на Македонија прикажаа одлична игра и заслужено триумфираа откако доминираа на теренот во Радовиш.
Стефан Младеновски беше двоен стрелец за Македонија, откако првиот пат стрелаше во 29. минута за водство од 1:0 на полувреме по одлична асистенција на Хоџа, а пак во 89. минута Младеновски беше сигурен од белата точка за конечни 2:0.
После 30 години на Градскиот стадион во Радовиш се одигра репрезентативен натпревар, последен пат репрезентацијата на Македонија до 21 година играше на Градскиот стадион во Радовиш против репрезентацијата на Бугарија, меч кој се одигра на 11 април 1995 година, а кога Македониај со 7:2 ја доби Бугарија.
Вториот пријателски меч меѓу овие две селекции ќе се одигра на 6 септември на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.
Александар Ванев, М-Нет