
Прволигашот Скопје и второлигашот Арсими одиграа интересен контролен натпревар кој заврши без победник со шест погодоци (3:3).
По првите 45 минути „пиратите“ од Автокоманда имаа водство, а во вториот дел Мурати беше двоен стрелец и го спаси Арсими од пораз. За Скопје стрелци беа Игнатов, Хајдари и Тодоров, додека пак стрелец на првиот гол за Арсими беше Гафури.