Реми без голови на Карбинци и Дојранско Езеро, убедлива победа за Овче Поле, трите бодови во Делчево!

Во рамки на 11. коло на Трета лига – Исток два меча завршија без погодоци и поделба на бодовите. 0:0 одиграа Малеш и Светлост Зрновци во Берово, како и Карбинци со Дојранско Езеро.

Брегалница Делчево преку Пешовски и Дојчинов триумфираше над Хоризонт Турново со 2:0, а пак Слога Виница со убедливи 0:7 ја декласираше Тиверија во Струмица.

Двоен стрелец за тимот на штипскиот стратег Емил Грнев, беше Игор Ѓорѓиев, а по еден гол постигнаа Филип Петковски, Иван Настевски, Петар Љамчевски, Александар Илиев и Октај Амедов.

Овче Поле со 4:1 го декласираше тимот на Ударник од Пирава, преку Димитар Стојановски кој го отвори резултатот и преку Јорданчо Трендафилов кој постигна два гола за 3:0 на полувреме. Во 78. минута Марио Панев погоди за 4:0, а пак Адријан Спасиќ во 87. минута постигна гол за ублажување на поразот на 4:1.

Александар Ванев, М-Нет