Релативно мирно поминаа велигденските празници, во Брзата помош Штип регистрирани 350 прегледи

Релативно мирно на брзата помош Штип за продолжениот велигденски викенд. Како што велат од таму иако имало околу 350 интервенции вкупно и зголемен обем на работа, сепак споредбено со претходните години ситуацијата била релативно мирно. Регистрирани се 280 амбулантски прегледи, или во просек по 70 на ден, како и 68 прегледи на терен или во просек по 17 на ден.

„Продолжениот викенд за велигденските празници помина релативно мирно. Најголем дел од пациентите кои побараа помош се жалеа на покачен крвен притисок, заради темперарурните разлики, но и заради мрсната храна. Сѐ уште се присутни и горнореспираторните болести на горните дишни патишта, па имаше и пациенти со покачена телесна температура и кашлица. Интересен е фактот дека околу 30 пациенти помош побараа заради проблеми со кичмата и рбетот, а имаше и пациенти со гадење, мачнина и повраќање.“ – велат од брзата помош Штип.

Изминатиот продолжен викенд имало и по некој пациент со алергиска реакција како и убод од инсект. Регистрирани се и неколку сообраќајни несреќи. Но, продолжениот викенд се оценува како релативно мирен.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет