
Време е за ред во музиката – македонските музичари дирекно од Штип укажуваат на потребата од транспарентност, легалност и работа со договори, со цел да се воспостави јасен систем во оваа сфера. Тие потенцираат дека особено е важно и странските музичари кои настапуваат во земјава да бидат транспарентни и да работат според договор, како што налагаат законите.
Исклучливо инсистирам, парите да бидат на сметка, не само ради тоа и договорот мора да биде потпишан. За да биде се чисто и легално. Мислам дека се завршија времињата, тоа беше едно време кога сите ние лутавме и се баравем. Се што е законски треба да биде покриено со догвор. Мислам дека нема дискусија, 100 посто ригорозно. Така сум најсреќен, затоа што на крајот од денот сите треба да платиме данок. Инсистирам и сите оние кои што доагаат од надвор тие бидат транспарентни, затоа што тоа не е така како што изгледа.“, велат македоснките музичари
Специјално внимание, тие насочуваат кон странските артисти и организатори
Како оваа иницијатива може да ја смени домашната музичка сцена од корен? Останува се уште не решено прашање.
Иван Митев, М-Нет