Регион три во Трета лига ќе биде територијално најголем, во регион пет потврдени екипите

Новата сезона 2026/2027 носи нови промени во Третата македонска фудбалска лига, воведен шести регион, баражи со второлигаши нема да има, односно шампионите во Трета лига ќе се соочат меѓусебно за влез во Втора лига.

Границите се дефинирани, мали измени во некои региони, па според тоа може да се потври дека регион три ќе биде најголем територијално, а пак регион два ќе биде најмал, додека пак веќе регион пет и официјално ги потврди екипите за сезона 2026/2027.

Трета лига во следната сезона ќе биде како регион еден, два, три, односно четири, пет и шест, наместо досегашните, Исток, Југ, Југозапад, Запад и Север.

Сликовито за да биде појасно регион еден е новоформираниот регион односно тоа е регион со скопски општини.

Регион два е најмалиот регион територијално, гравитираат најмалку општини, ова е всушност Трета лига – Север со Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка, Кратово.

Третиторијално регион три ќе биде најголемиот, овој регион е Трета лига – Исток од Македонска Каменица па се до Дојран.

Во регион четири промени нема тоа е Трета лига – Југ, а во регион пет односно Трета лига – Југозапад и тука веќе се потврдени сите екипи кои ќе се натпреваруваат. Од ОФС Битола доѓат најмногу екипи, тоа се Крошу Спорт, Баир Спорт, Напредок, Кравари и Могила, од ОФС Кичево кои се префрли во овој регион ќе бидат Напредок и Влазрими Ј, од ОФС Струга се екипите на Караорман и Влазними, од ОФС Охрид ќе бидат три екипи односно Света Троица, Славеј и дебитантот Чардак, од ОФС Демир Хисар е истоимениот клуб, а пак од ОФС Ресен е ланскиот второлигаш Преспа.

Во регион шест нема промени тоа е Трета лига – Запад, таму наместо Кичево доаѓа Дебар.

Александар Ванев, М-Нет